Стопер на Реал веќе на зима потпишува за нов клуб?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шокантни вести од Мадрид.

    Како што пренесува весникот АС, Реал Мадрид сеуште размислува дали да го продолжи договорот со искусниот стопер Пепе.

    Пепе има договор со Реал до јуни 2017 година, сеуште нема на масата нов, што во превод значи дека веќе во јануари може да договори трансфер во некој друг клуб.

    Наводно, Зинедин Зидан смета дека Рафаел Варен конечно може да ја заземе неговата улога и да сочинува пар со Рамос.

    Покрај тоа, Реал е презадоволен со развојот на Диего Љоренте, младиот стопер кој е на позајмица во Малага и може да биде иднина на Мадриѓаните.

    Не треба да се заборави ниту Начо Фернандез, меѓутоа, тешко дека тој во иднина ќе добие значителна улога, ако не доби досега.

    Пепе во Мадрид стигна уште во 2007 година од Порто за 30 милиони евра и од тогаш два пати го продолжуваше договорот, но клубот размислува за тоа да го стори трет пат.

    Заинтересирани ќе има дефинитивно, иако Пепе има 33 години.