Лил не можеше до чудо против шампионот Челси, трагичен крај за Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актуелниот шампион Челси се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ) откако славеше вечерва кај Лил со 2-1, но имаше и водство од 2-0 од првиот натпревар.

Лил во 38. минута постигна гол за водство, откако Жоржињо направи пенал, а Бурак Јилмаз без проблеми го реализираше ударот од белата точка.

Во завршницата од првото полувреме Челси израмни преку Кристијан Пулишиќ, а целосен пресврт направи Цезар Аспиликуета во 71. минута, откако претходно Лил пропушти неколку добри шанси.

Екипата на Виљареал се пласираше во следното коло откако го растури Јувентус со 3-0 во реваншот, а головите ги постигнаа Морено, Торес и Данџума.