Ориги заврши со Ливерпул: Го напушта „Енфилд“ и се сели во Милано


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Дивок Ориги со Ливерпул освои речиси сè што можеше, а постигна и неколку важни голови за премиерлигашот, но во последно време не добива минутажа и затоа ќе си ја бара среќата на друго место.

Интерес за Белгиецот покажаа неколку тимови во јануари, но тогаш Јирген Клоп реши да го задржи до крајот на сезоната, а притоа му даде шанса само на 14 меча во сите натпреварувања.

Италијанските медиуми објавија дека Ориги ќе ја продолжи кариерата во Серија А. Тој пред неколку месеци се поврзуваше со Интер, но не се реализираше трансферот, па сега е на добар пат да потпише за Милан.

Милан, наводно, му понудил тригодишен договор, а новинарот Фабрицио Романо потврди дека фудбалерот и клубот веќе некое време се во контакт и преговараат.