До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Интер не смета на Марсело Брозовиќ за претстојниот меч против Рома.
Холанѓанецот неодамна привремено го острани Брозовиќ од екипата поради недисциплина, а таа мерка и понатака е на сила.
Се веруваше дека хрватскиот репрезентативец ќе биде во конкуренција за дербито од 7 коло од Серија А, каде што Рома во недела вечер (20:45) на Олимпико ги дочекува Нероаѕурите, но сепак ништо.
Хрватските медиуми шпекулираат дека Брозовиќ сам на себе си направи мечкиан услуга со тоа што во текот на натпреварот од Лига Европа меѓу Интер и Спарта Прага каде што Нероаѕурите делуваа како аматери и поразени се со 3:1 на својот Инстаграм профил постави фотографии со неговата девојка.















