Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина испрати пофални зборови за неговиот колега од Фудбласката федерација на Македонија, Муамед Сејдини.
Гравина реши да испрати порака откако Македонија ја остави Италија без шанса да заигра на Мундијалот во Катар.
„Почитуван Муамед, низ овие неколку реда сакам да честитам на вашиот тим за големата победа. За нас тоа беше важна вечер, но во спортот мора да има победник и губитник. Можете да бидете горди што сте лидер на еден ваков тим, а сигурен сум дека мечот во Палермо ќе остане запишан во историјата на македонскиот спорт“, напиша Гравина меѓу другото.