Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума сè уште е во шок по елиминацијата од Македонија во баражот за пласман на Светско првенство (СП), а тоа го откри за италијанските медиуми.
„Аѕурите“ го освоија европското првенство минатото лето, меѓутоа сега останаа без настап на Мундијалот, па Донарума жали затоа што исходот е поразличен.
„Сакавме да учествуваме на Мундијалот, да доживееме специјални чувства кои ги буди натпреварувањето, да ги израдуваме Италијанците, меѓутоа тоа не е лесно. Многу сме разочарани, како и сите Италијанци. Но, исто така, знаеме дека во фудбалот, како и во животот, мора да гледате напред“, вели Донарума.