Акраповиќ по осум месеци си замина од Шкендија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шкендија се збогуваше со тренерот Бруно Акраповиќ кој осум месеци го предводеше тетовскиот тим, па сега во поранешниот шампион ќе бараат нов стратег за следните предизвици.

Екипата од Тетово ја загуби битката за титулата со Шкупи оваа сезона, а тоа е причината за разделбата со Акраповиќ, кој го тренираше тимот на Шкендија и во сезоната 2015/16.

„Шкедија објави дека соработката со шефот на стручниот штаб Бруно Акраповиќ е прекината. Шкендија му посакува многу успех во иднина“, соопштија од клубот.