Неизвесност во Челси, голема шанса за Атлетико: Дефанзивец се сели во Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси доби голем број санкции поради нивниот руски газда Роман Абрамович, па во моментов се бара нов сопственик, но и покрај тоа речиси сигурно од екипата ќе си заминат Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер.

Двајцата ќе заминат како слободни фудбалери и клубот нема да заработи ништо од нивните трансфери, а се шпекулира дека од екипата ќе си замине и левиот бек Маркос Алонсо за кој Атлетико Мадрид покажал интерес.

Искусниот Алонсо има договор на уште две години, но сака да си замине бидејќи ќе го загуби местото во првиот состав по враќањето на Бен Чилвел во екипата.

Вредноста на Алонсо се проценува на околу 14 милиони евра, а тоа се пари кои ќе му бидат добредојдени на Челси.