Ракометарот Денис Тот починал поради насилство – две лица се приведено, а едно е во бегство


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Докторите од Судска медицина ги решија дилемите на јавноста за случајот на хрватскиот ракометар Денис Тот кој почина, а извештајот покажал дека станува збор за насилна смрт по удар во главата и повреда на мозокот, објави „Телма“.

Скопското обвинителство потврдило дека во инцидентот биле инволвирани три лица, меѓу кои дечко и девојка кои се веќе приведени, а третото е во бегство.

За случајот биле обезбедени и видео снимки, на кои се гледа дека починатиот ракометар и останатите учесници во тепачката биле во ноќен клуб во парк.

Кога тргнале да си одат, тие се степале, по што Тот паднал во бесознание, а другите го напуштиле местото, објави „Телма“.