Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна решавачки гол во дербито меѓу Риека и Динамо Загреб (2-1) со што неговиот тим дојде на чекор до нова титула во хрватскиот шампионат.
Риека поведе во шестата минута, а водството го имаше до самата завршница од мечот, но потоа следеше распад на играта во последните 10 минути од мечот.
Емрели израмни на 1-1 во 79. минута, а само шест минути подоцна Адеми ја затресе мрежата на Риека и така му донесе победа на Динамо Загреб од 2-1.
Динамо е лидер со 63 бода и еден меч одигран помалку од ривалите, а по него следи Осиек со 61, додека Хајдук има 56.