Бизарна ситуација во НБА: Заигра осум секунди за да земе бонус од 306.000 долари! (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарот на Милвоки бакс, Џру Холидеј одигра околу осум секунди во мечот против Кливленд кавалирс за да си земе бонус од договорот вреден 306.000 долари.

Холидеј во договорот со Милвоки имаше клаузула дека ќе му биде исплатен бонусот ако заигра на 67 меча од регуларниот дел од сезоната и затоа му беше потребна барем една секунда во мечот против Кливленд.

Бекот на Милвоки не сакаше да ја пропушти шансата, па се појави на паркетот само осум секунди, по што направи прекршок и се запиша во статистиката, а на сметката ќе му стигнат 306.000 долари.

Интересно е тоа што Холидеј за оваа сезона доби 30 милиони долари, а неговиот договор во Милвоки му гарантира дури 135 милиони долари до 2025 година.