Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа против Широки со 75-71 и така се пласираа во финалето на АБА2-лигата, па во финалето ќе играат против Златибор, но сепак денешната победа значеше враќање во елитата.
Србија има максимален број учесници во првата лига на АБА, односно пет тима, па Златибор ќе мора да разигрува со најслабата екипа во првата АБА-лига, што значи дека автоматски МЗТ ќе игра со најдобрите екипи од регионот од следната сезона.
Широки се покажа како незгоден противник, иако МЗТ имаше двоцифрено водство во третата четвртина.
Најдобар во екипата од Аеродром беше Дамјан Стојановски со 17 постигнати поени, додека Хуан Дејвис постигна 14, а на спортивната страна Билиновац даде 20 за Широки.