До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во последниот дуел од седмото коло од Примера во Виго се среќаваат Селта и Барселона.
Посе само нешто повеќе од пола час игра Селта води со три гола разлика.
Избраниците на Луис Енрике се во шок од првиот гол, кој го постигна Систо после грешка на одбраната на гостите. Еден лош пас кон средината го пресекоа домаќините, топката стигна до црномурестиот Данец, кој рутински го совлада Тер Штеген.
Помалку од десет минути после тоа, „блицкриг“ на домаќините. Прво Аспас со гол во 31 минута ја дуплираше предноста на Селта, а со автогол Жереми Матје ја продолжи агонијата на Барселона во Балаидос.
Во второто полувреме подобра игра на Барселона, прво Пике со глава намали на 3:1, а неколку минути пенал за Барселона, а сигурен егзекутор беше Нејмар.
Следеше после бизарен гол за Селта, Штеген ја исфрлуваше топката , таа го погоди Аспас и влезе во мрежата на Тер Штеген.
Пике во 86 минута беше повторно стрелец за Барселона и намали на 4:3.















