„Рамос е свесен дека згреши што си замина од Реал Мадрид“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е свесен за неговата грешка да го напушти Реал Мадрид минатото лето, откако беше дел од шпанскиот гигант од 2005 до 2021 година.

Рамос се договори со ПСЖ, откако претходно имаше неуспешни преговори со Флорентино Перез за продолжување на соработката со Реал Мадрид.

Шпанецот во Париз се соочи со голем број проблеми со повреди, па воопшто не личи на дефанзивецот кој ги бранеше боите на гигантот од Мадрид.

„Верувам дека Рамос си ја препозна грешката за заминувањето од Реал Мадрид. Се очекуваше Реал да го даде тоа што го бараше тој, но сепак клубот е над секого. Во Мадрид е пракса да се продолжуваат договорите на една сезона, а тоа не му одговараше на Рамос“, вел Гути.