До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на мадридски Атлетико Диего Симеоне има многу причини за радост.
Јоргенџиите во неверојатен меч вчера ја совладаа Валенсија на Местаља со 2:0, а покрај тоа во петокот го доби и четвртото дете.
Девојчето Франческа е неговата прва ќерка со девојката Карла Переира, додека со поранешната сопруга има три сина.
„Најважна работа во животот, љубовта за нашите деца. Добредојде, Франческа – напиша Симеоне на Инстаграм со фотографија коај предизвика воодушевување ширум светот.
Фотографијата можете да ја погледнете ОВДЕ.















