Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За фановите на Формула 1, почетокот на мај традиционално носи болни спомени затоа што Ајртон Сена го загуби животот на 1 мај на патеката „Енцо Ферари“ во Имола.
Легендарниот возач во текот на трката во 1994 година загуби контрола врз својот болид кој леташе со брзина од 307 км/ч, а мерењата покажаа дека удрил во заштитната ограда со брзина од 233 км/ч.
Помош му беше дадена на самата патека, каде што беше констатирано дека загубил над четири литри крв, а докторите не можеа да му го спасат животот, иако беше префрлен во болница во Болоња.
Тоа беше заминување на еден од најголемите во историјата, човек кој во четири сезони освои три шампионски титули, а зад него останаа 80 подиуми во „најбрзиот циркус“ во светот и дури 41 победа во Ф1.
Треба да се спомене дека Сена во 1992 година му го спаси животот на Ерик Кома, кој имаше тешка несреќа.