До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фантастичната игра на Шкодран Мустафи никого не остави рамнодушен.
Арсен Венгер доведе неколку засилувања во ова лето, а по многумина најголемо е Шкодран Мустафи, фудбалер со одбранбени задачи кој зазеде место покрај Лоран Кошчелни во последната линија на клубот од Емирати.
Мустафи беше одличен во претходните мечеви, но навивачите на Арсенал посебно се воодушевија во последниот меч против Барнли кога екипата на Арсен Венгер славеше со 1:0.
Инаку, беше тоа и петта победа на Арсенал во низа.
Многумина пишуваа дека Мустафи е најдобро засилување на Арсенал пред почетокот на оваа сезона, а други отидоа и најдалеку велејќи дека Мустафи е најдобро засилување во Премиер лигата во оваа сезона.
Дали се сложувате со нив?
Да ве потсетиме, тој стигна во ова лето од Валенсија за 35 милиони фунти.















