Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Надал по речиси месец ипол пауза поради повреда се враќа на тениските турнири и ќе заигра во Мадрид.
Шпанскиот тенисер се повреди на турнирот во Индијан Велс, кога во финалето загуби од Тејлор Фриц, по што мораше да паузира.
„Што се однесува до повредата, сега се чувствувам добро. Како што знаете, ми пукна ребро и за среќа тоа е минато. Секое движење ми беше болно, но ќе се вратам во ритам“, кажа Надал за повредата.
Надал вели и дека одлуката на Вимблдон кон руските тенисери не е фер затоа што тие немаат врска со војната во Украина.