Тен Хаг сака да задржи само осум фудбалери на Манчестер јунајтед


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг ќе биде тренер на Манчестер јунајтед од следната сезона, каде што ќе го замени привремениот стратег Ралф Рангник.

„Дејли Мејл“ пишува дека Тен Хаг избрал осум фудбалери од Манчестер јунајтед на кои им верува и ќе ги задржи во екипата.

Британскиот медиум објави дека Маркус Рашфорд ќе си замине доколку не успее да влезе во форма, а во слична ситуација е и Арон Ван-Бисака.

Се очекува Тен Хаг да ангажира 10 нови фудбалери, а меѓу нив треба да пристигнат и двајца напаѓачи, додека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот, иако имаше шпекулации дека ќе си замине.