Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот милијардер Роман Абрамович му прави проблеми на Челси со тоа што побара од новиот газда да ги врати долговите на тимот, кои изнесуваат околу 1,6 милијарди фунти.
Тоа може да му направи сериозни проблеми на премиерлигашот, кој пред два месеца беше ставен на продажба бидејќи британската Влада му го замрзна имотот на Абрамович.
Владата даде специјална дозвола за Челси да функционира, но таа важи до 31 мај, по што клубот мора да добие нов сопственик.
Абрамович побарал од идниот газда да го врати долгот, но Владата на Британија не дозволува такво нешто, па сега постои спор кој мора да биде надминат во најбрз можен рок, затоа што во спротивно клубот ќе мора да прогласи банкрот.