Саутгејт веќе мора да го менува првиот список, отпадна ѕвездата на Сити


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Крилниот напаѓач на Манчестер Сити ќе го замени играч на Кристал Палас.

    Привремениот селектор на репрезентацијата на Англија Герет Саутгејт го соопшти рано денеска списокот на играчи за претстојниот дуел против Малта, но мораше да промени еден играч.

    Имено, Рахим Стерлинг отпадна од списокот поради повреда, а него ќе го замени Андрос Таузенд.

    Според првите најави, Стерлинг доживеа лесна повреда на листот, ќе биде спремен за наредниот дуел на Сити со Евертон, но во репрезентацијата не сакаа да ризикуваа сериозна повреда.

    Комплетниот список на Саутгејт погледнете го ОВДЕ.