Араухо заврши во болница, па Чави откри во каква состојба се наоѓа


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо се повреди на мечот против Селта во рамки на 36. коло од шпанската Ла Лига.

Араухо се судри со глава со неговиот соиграч Гави, по што падна на теренот, а медицинската екипа набрзо интервенираше и го испрати во болница со возило на Брзата помош.

Таму беше задржан на дополнителни прегледи, а утрово од каталонскиот гигант соопштија дека Уругваецот е надвор од животна состојба.

Тренерот на Барселона, Чави потврди дека сите во клубот може да се опуштат затоа што здравствената состојба на младиот фудбалер е добра.

„Тој е добро и е надвор од опасност, а во болница ни кажаа да не се грижиме“, вели Чави.