Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по вчерашниот пораз на Мастерсот во Рим од Денис Шаповалов кажа дека секојдневниот тренинг за него е предизвик и на вториот гренслем-турнир во сезоната, Ролан Гарос ќе носи доктор со себе.
Надал, кој неодамна се бореше со повреда на ребрата, имаше големи проблеми против Шаповалов, па Канаѓанецот славеше со 1-6, 7-5 и 6-2.
„Повторно ме болеше стапалото. Јас сум спортист кој живее со повреда, тоа не е ништо ново. За жал, мојот ден е тежок. Многу се трудам и ме нервира тоа што не можам да тренирам на вистински начин“, вели Надал.
Шпанецот на почетокот на сезоната го освои Австралијан опен, како и турнирот во Акапулко.