Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед побарал од новиот тренер Ерик Тен Хаг да донесе одлука за иднината на Маркус Рашфорд, Арон Ван-Бисака и Ерик Баи пред да го преземе клубот.
Тен Хаг потпиша договор со „црвените ѓаволи“, а летово ќе има голема и тешка задача да најде засилувања поради тоа што Јунајтед следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Новиот тренер на „ѓаволите“ ќе се ослободи од непотребните фудбалери, а потоа ќе тргне по потпис со нови засилувања, но прва обврска ќе му биде да реши што ќе прави со Рашфорд, Ван-Бисака и Баи.
Овие фудбалери долго време се поврзуваат со заминување затоа што разочараа, иако Рашфорд не добиваше многу шанса кај досегашните тренери на премиерлигашот.