Тен Хаг откри каква е судбината на Роналдо во Манчестер


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се соочува со големи промени, а такво нешто беше најавено уште по потпишаниот договор меѓу Ерик Тен Хаг и премиерлигашот.

Немања Матиќ и Пол Погба сигурно ќе заминат од тимот,а  долго време се шпекулираше за иднината на Кристијано Роналдо, а во интервју за „Де Телеграф“, Тен Хаг конечно ја откри неговата судбина.

„Роналдо е одличен, направи многу работи во кариерата и покажа дека има амбиции. Секако дека би сакал да го задржиме. Тој е важен за Јунајтед, а оваа година докажа дека може да биде фантастичен на теренот“, кажа Тен Хаг.

Роналдо неодамна кажа дека сака да остане, па заедно со Тен Хаг ќе се обидат да го вратат во врвот на англискиот фудбал.