Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома на 25 мај ќе имаат шанса да станат први освојувачи на Конференциската лига, а Жозе Мурињо ќе се запише во историјата како прв тренер кој го освоил натпреварувањето во Лига на шампиони, Лига Европа и најновото на УЕФА.
Ова предизвика голема еуфорија меѓу навивачите, па еден од нив украл дрес од клупска продавница во Рим, по што бил пријавен во полиција и набрзо уапсен.
„Полудев поради Рома и Мурињо, ќе играме финале во Конференциска лига. Не можев да одолеам“, кажал навивачот во полициија.
Да потсетиме, Рома пред последното коло во Серија А има еден бод повеќе од Фиорентина во борбата за Лига Европа.