Муратоглу: Ѓоковиќ е трет фаворит на Ролан Гарос, а Надал има мали шанси


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Еден од најпознатите тениски тренери Патрик Муратоглу ја анализираше ситуацијата во светот на тенитот пред почетокот на Ролан Гарос и кажа дека Карлос Алкараз е главен фаворит за освојување на гренслем-турнирот во Париз.

Муратоглу спомена уште тројца тенисери кои би можеле да го освојат трофејот, а меѓу нив е и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Алкараз во моментов е најдобар тенисер. Ги освои турнирите во Барселона и Мадрид, а неколку недели претходно и во Мајами. Во Мадрид стана прв тенисер кој ги победил Надал и Ѓоковиќ на ист турнир. Стефанос Циципас исто така е подготвен и може да направи проблеми“, вели Муратоглу.