Тен Хаг отпиша двајца фудбалери од „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг реши дека во клубот нема да му бидат потребни дефанзивците Арон Ван-Бисака и Ерик Баи.

Холанѓанецот ќе има многу работа по доаѓањето на „Олд Трафорд“, а пред него е летниот преоден-рок во кој треба да пронајде квалитетни засилувања за следната сезона.

Тен Хаг претходно реши да се ослободи од фудбалерите кои нема да ги користи, а тоа се Арон Ван-Бисака и Ерик Баи, па тие ќе бидат продадени во текот на летото.

Двајцата имаат договори со Јунајтед, но нема да им прави проблем ако пристигне понуда за нивните услуги.

По продажбата на непотребните фудбалери, се очекува Тен Хаг да тргне и по засилувања.