Тен Хаг добива 100 милиони евра за да донесе големо засилување на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да ги воодушеви навивачите со нови заслувања ова лето, а тренерот Ерик Тен Хаг наводно добил 100 милиони евра за да го купи Френки де Јонг од Барселона.

Новинарот Пит О’Рорк објави дека Тен Хаг нема да има пречки при избор на нови засилувања, а едно од нив треба да биде Де Јонг, како што се шпекулира веќе неколку недели.

Де Јонг сака да остане во шпанската Ла Лига, но неговата плата од 200.000 евра во Барселона ѝ прави проблем на каталонската екипа, која мора летово да продава фудбалери за да ги врати загубите од пола милијарда евра во последните две години.

Каталонскиот гигант наводно ќе се согласи на трансфер за Де Јонг, но само ако добие понуда од 100 милиони евра, а толку планираат да понудат „црвените ѓаволи“.