Тен Хаг со една реченица објасни што може Роналдо да му донесе на тимот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот Ерик Тен Хаг го наследи Ралф Рангник на тренерското столче во Манчестер јунајтед, а на прес-конференција кажа дека се очекува напорна работа за да се врати тимот во врвот.

Тен Хаг доби прашање од новинарите за тоа што очекува од Кристијано Роналдо во Јунајтед, а тој даде одговор со кој ги објасни неговите очекувања.

„Цели. Имам добро чувство кое го создаваат луѓе околу мене, сега ни останува да го разработиме планот, да соработуваме и да постигнеме успех. Каков е нашиот план? Огромен. Немаме многу време, но ќе го пренесеме на играчите и персоналот“, кажа Тен Хаг.

Роналдо оваа сезона постигна 24 гола за „црвените ѓаволи“ во 38 меча во сите натпреварувања, но и тоа не му помогна на Јунајтед да обезбеди место во Лига на шампиони (ЛШ).