Мане си оди од „Енфилд“: Ливерпул ја постави цената и почна да го бара неговиот наследник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сенегалскиот напаѓач Садио Мане официјално не побарал да замине од Ливерпул, но наводно веќе разговарал со неговите соиграчи и им кажал дека ќе си оди од клубот на крајот на сезоната.

Ливерпул за услугите на Мане наводно ќе барра 35 милиони фунти затоа што напаѓачот има договор до следното лето, а за неговите услуги е заинтересиран Баерн Минхен.

Тимот на Јирген Клоп ќе почне потрага по Мане, а во моментов како потенцијални наследници се споменуваат Осман Дембеле и Кристофер Нкунку.

Фудбалерот на Барселона е пред заминување, но Ливерпул ќе има конкуренција од ПСЖ за неговите услуги, додека за Нкунку интерес постои уште од Манчестер јунајтед и Арсенал.