Европа бруи за новиот дијамант на Милан: Ова момче е новиот Андреа Пирло (Видео)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Големи пофалби на сметка на Мануел Локатели.

    За големиот подвик на Милан и победата над Сасуоло со резултат 4:3, иако до 69 минута губеше со 1:3 и денеска се зборува пошироко низ Апенинскиот полуостров. Меѓутоа, многу повеќе од самиот триумф на Чизмата, како и во речиси цела фудбалска Европа одекна приказната за новиот дијамант на Милан – Мануел Локатели.

    Талентираниот 18-годишен играч за врска го забележа првенецот во дресот на Росонерите, за резултат 3:3, со што го најави пресвртот и победата на некогашниот шампионат на Европа.

    А неговата реакција во текот на разговорот после натпреварот покажа колку за Локатели беше важен погодокот во четвртиот официјален натпревар.

    Беше јасно – ја исполни животната желба и го прослави голот во опремата на саканиот клуб.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=LNYOlHhZw7Q

    Додека цела Италија бруи за херојските солзи на младиот играч за врска, стигнуваат и бројни пофалби на сметка на детето на Милан. И тоа од неговиот агент Стефан Кастелново.

    „Јас сум многу среќен поради него. Голот е само потврда за тоа што се зборува за него во последните месеци, за тоа колку ќе стане важен играчот за тимот. Но, сега мораат да го остават на мира, бидејќи мора да порасне, иако неговиот почеток беше навистина фантастичен “, јасен Кастелново.

    Сепак, вистинската пофалба допрва следеше, поради тоа што младиот Локатели е спореден со легендарниот Андреа Пирло.

    „Јас велам – тој е новиот Адреа Пирло. Односно, младиот Пирло, да бидеме попрецизни. Инаку, Пирло е еден од хероите од детството на Мануел. Пирло има бројни квалитети, но пред се размислува брзо и донесува вистински одлуки, што и Мануел тоа секоаш го работи. Можеби не е толку физички брз, но размислува брзо“.

    Нормално, медиумите одма ги интересираше каква е состојбата со договорот на Локатели, во случај за европските гиганти да почнат да се јавуваат?

    „Тој го обнови договорот пред неколку месеци. Освен тоа, Адријано Галијани неодамна рече дека наскоро ќе започнат преговори околу ново продолжување на соработката, со подобри услови“.

    За со вакви силни и искрени емоции да има во секој фудбалер на Милан, за Росонерите нема да има зима.