Тоше Ончев потпиша тригодишен договор со Охрид

Македонскиот ракометар Тоше Ончев се врати во Македонија, каде што потпиша тригодишен договор со Охрид.

Ончев се враќа во Македонија од Словенија, каде што играше за Тимо Требње, а претходно 25-годишниот ракометар настапуваше за Вардар јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Сент Марсел Вермон, Керкира и Работнички.

„Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја“, кажа Ончев.