Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дрејмонд Грин зборуваше за неговиот поранешен соиграч и една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, Кевин Дурант.
Дурант во 2019 година кажа дека последните моменти во професионалната кариера сакал да ги помине во тимот на Барселона и призна дека му се допаѓа Евролигата.
Таа приказна сè уште не може да стане реалност, затоа што Дурант има договор со Бруклин нетс и до 2026 година треба да остане во екипата.
Грин вели дека Дурант направил грешка со заминувањето од Голден Стејт вориорс, а притоа кажа дека шансите да заигра на Барселона се минимални, но сепак постојат.
„Се грижам за Дурант, тој ми е брат. Без разлика дали ќе остане со нас во Бруклин или ќе игра во Барселона“, кажа Грин.