Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тенисер Александер Зверев заработи сериозна повреда во полуфиналето на Ролан Гарос, кога ги скина лигаментите на стапалото на мечот против Рафаел Надал.
Зверев по дополнителните прегледи дозна дека ќе мора да паузира меѓу шест и осум недели поради повредата.
Тоа значи дека ќе го пропушти третиот гренслем-турнир во сезоната, Вимблдон, кој се игра од 27 јуни, но постојат шанси да заигра на Ју-Ес опен, кој е закажан за 29 август.
Зверев е олимписки шампион од Токио, а од следниот понеделник ќе го преземе второто место на АТП-листата, зад Данил Медведев, а трет ќе биде Новак Ѓоковиќ.