Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити одамна постигна договор со Борусија Дортмунд и го купи Ерлинг Халанд, а во петок поминува еден месец од потврдата на трансферот, но сè уште не е официјално претставен во новиот тим.
„Граѓаните“ имаат две причини зошто Халанд сè уште не е официјално претставен во дресот на новиот тим, а пред сè тоа се парите кои треба да бидат префрлени дури на 1 јули.
Втората причина е тоа што Халанд сè уште не избрал број, а според извори, тој и неговите агенти чекаат да се реши судбината на Габриел Жесус, кој го носи бројот девет.
Халанд во моментов се наоѓа со репрезентацијата на Норвешка, која игра во Лигата на нации, а одличниот напаѓач веќе постигна три гола на два меча.