Мијатовиќ ја откри тајната на Модриќ: Ќе игра на врвно ниво барем уште една година!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Црногорецот Предраг Мијатовиќ во интервју во радиото „Ел Ларгуеро“ зборуваше за Лука Модриќ за кој имаше само пофални зборови, откако Хрватот потпиша нов договор со Реал Мадрид.

Модриќ ќе остане во Мадрид барем уште една сезона, а Мијатовиќ ја откри тајната која го држи на врвот.

„По 33. роденден играчите добиваат на тежина, но има и професионалци како Лука. Тие губат на тежина. Во сезоната тргна со 71 кг, а заврши со еден помалку. Тоа е неговата тајна поради која ќе игра на врвот уште најмалку една година. Не сум изненаден што го продолжи договорот“, кажа Мијатовиќ.

Мијатовиќ смета дека нема повеќе дилеми за иднината на Модриќ и смета дека ќе ја заврши кариерата во шпанскиот и европски шампион.