Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед во оваа сезона влегува со најголеми можни амбиции, откако минатата сезона разочара и остана без место во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека тимот ќе се препороди по доаѓањето на Ерик Тен Хаг на тренерската позиција и поради тоа се очекуваат големи промени во клубот.
Јунајтед вчера се збогуваше од 11 фудбалери, па така од „Олд Трафорд“ си заминаа Едисон Кавани, Ли Грант, Џеси Лингард, Хуан Мата, Немања Матиќ, Пол Погба, како и петмина младинци.
Сега на ред доаѓа период во кој Тен Хаг треба да добие големи засилувања од раководството, а веќе се споменуваат некои имиња како Френки Де Јонг, Виктор Осимех и други, па останува да видиме кого ќе добијат „ѓаволите“.