Официјално: Дробаров потпиша договор со Сараево


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Босанскиот тим Сараево потпиша договор со македонскиот фудбалер Влатко Дробаров, кој игра на позицијата стопер.

Дробаров го имаше последниот ангажман во Бугарија, во тимот на ПФЦ Черно Море, а минатата сезона беше избран и во идеалниот тим на бугарското првенство.

Дефанзивецот одигра 32 меча, при што пропушти само еден дуел поради жолти картони, па Сараево ќе добие квалитетен дефанзивец.

Дробаров во текот на кариерата играше за еипи од Македонија, Мексико, Кипар, Ерменија, Саудиска Арабија и Индија, а со Сараево потпиша едногодишен договор, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.