Голманот на Австралија со неверојатен танц обезбеди место на СП во Катар (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралија го елиминираше Перу по изведување на пенали и така избори пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

На натпреварот немаше многу шанси, па победникот мораше да се решава со изведување на пенали, а потоа селекторот на Австралија, Грамах Арнолд реши да го пушти својот резервен чувар на мрежата на голот.

Голманот на Сиднеј, Андеј Редман го замени Мет Рајан и се покажа како одличен погодок од селекторот, затоа што искористи неверојатна техника и танц за да ги збуни противниците и на крајот донесе пласман на Мундијалот за Австралија.