Уште една потресна приказна на српска тенисерка: Сакала да скокне од 26. кат на зграда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јелена Докиќ преку нејзиниот профил на Инстаграм повторно објави емотивна исповед дека во април за малку ќе си го одземела животот.

Јокиќ, поранешната тениска надеж, повеќе пати зборуваше за проблемите низ кои поминува, а на 10 октомври минатата година се обиде да си го заврши својот живот по долг период во депресија.

Девојката која е родена во Хрватска на профилот на инстаграм објави фотографија на која е расплакана и откри дека во април размислувала да скокне од 26. кат на една зграда.

„28 април 2022, за малку ќе скокнев од тераса на 26 кат и ќе си го одземев животот. Никогаш нема да го заборавам тој ден. Сè е мрачно, само солзи, тага, депресија и болка. Последните шест месеци беа многу тешки“, кажа Докиќ.