Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вимблдон ќе биде еден од најчудните во модерната историја затоа што на него нема да играат тенисери од Русија и Белорусија поради војната во Украина, а нема да се доделуваат ниту бодови.
Данил Медведев е повторно на врвот на АТП-листата, откако го прескокна Новак Ѓоковиќ, кој падна дури на третата позиција.
„Секогаш ги почитувам правилата. Каде што можам да играм, со задоволство ќе го направам тоа и ќе дадам сè о себе“, кажа Медведев.
Шампионот на Ју-Ес опен објасни дека има свој план кој ќе се обиде да го реализира во следниот период.
„Сигурно ќе играм следната недела на Мајорка. Тоа е одличен турнир. Затоа што не можам да играм на Вимблдон, ќе имам три недели за други предизвици“, кажа Медведев.