Тен Хаг го кажа својот став: Позната е судбината на Роналдо


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Европските медиуми во претходните денови шпекулираат за заминување на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед, па најпрво се споменуваше трансфер во Баерн Минхен, а потоа и во Челси.

Тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека шпекулациите за Роналдо не се вистина, но Португалецот сè уште не е задоволен поради тоа што клубот нема ангажирано звучни засилувања за следната сезона.

Тен Хаг е јасен во својата намера да го задржи Роналдо, па даде изјава за медиумите и порача дека Португалецот ќе остане во екипата.

„Роналдо е легенда поради тоа што го покажа досега и мислам дека сè уште е амбициозен. Секако дека сакам да го задржам, оваа година тој ќе биде важен за Јунајтед и може да направи разлика на теренот“, кажа Тен Хаг.