Историска победа: Нуров ѝ го донесе првото злато на Македонија во Алжир! (Видео)

Македонскиот натпреварувач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во категоријата до 97 кг на Медитеранските игри, откако славеше против Фејзула Актурк од Турција.

Нуров направи историски пресврт, откако губеше со 0-3, но сепак на крајот славеше со 4-3 и се закити со злато.

Претходно со бронзен медал се закити и Владимир Егоров.