Милан го претстави дресот за новата сезона (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан го претстави дресот во кој ќе ги игра домашните натпревари во следната сезона во која ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Милан минатата сезона заврши со два бода пред Интер, седум пред Наполи и дури 14 зад Јувентус, а на промоцијата на дресот се појави и Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во моментов е на рехабилитација по операцијата, но сите очекуваат негова помош во новите предизвици.