Подгответе се за спектакл  – Марадона, Роналдињо, Тоти СИТЕ заедно на терен!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Се подготвува еден вид на спектакл во Рим

    Диего Армандо Марадона, Роналдињо, Франческо Тоти, Ернан Креспо, Роберто Карлос, Антонио Ди Натале и Џанлука Ѕамброта ќе бидат главни ѕвезди во претстојниот хуманитарен меч на Олимпико.

    Хуманитарниот меч под назив „Соединети за мир“ ,на програмата е на 12 октомври на најголемиот стадион во Рим.

    Ова ќе биде посебна шанса за двете можеби и најголеми десетки кои некогаш играле во Серија А – Тоти и Марадона, да се најдат на теренот на еден натпревар.

    Значи, за седум  дена, светот ќе има шанса да гледа вистински спектакл кој директно ќе го пренесува италијанската телевизија Раи, но и многубројни светски телевизии.