Катастрофални процени:  Пет фудбалери кои Мурињо ги избрка, а сега блескаат!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Жозе Мурињо неспорно е голем стручнак, но и човек кој имаше бројни грешки проценки кога се во прашање на идните ѕвезди.

    Тоа поготово се однесува на периодот кога го водеше Челси.

    Издвојуваме пет играчи кои одлично играат во своите клубови, а кога Португалецот буквално ги избрка од Стенфорд Бриџ.

    1. Рајан Бертранд – дефанзивецот на Саутемптон е одличен и во оваа сезона (како и претходната), а соевремено се претставуваше дека токму тој ќе го наследи Ешли Кол во Челси. Сепак, од тоа не беше ништо бидејќи Мурињо не сметаше сериозно на овој лев бек.

    Судбината сакаше Рајан да порасне во еден од најдобрите на својата позиција во Премиер лигата.

    1. Хуан Мата – Интересено е дека сега повторно соработува со Мурињо, иако Португалецот се откажа бидејќи не можеше да најде место за него во стартниот состав на Сините, иако претходно е прогласен за најдобар играч на годината во тој тим.

    Дури се претпоставуваше дека ќе го отпише и на Олд Трафорд, но Шпанецот одлично игра и се шпекуилира дека наскоро ќе добие нов договор.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=duWW1SREVPc

    1. Ромелу Лукаку – одличниот Белгиец е главен фудбалер на Евертон. Беше еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа за кого се претпоставуваше дека ќе биде вистински наследник на Дидиер Дрогба. Беше на позајмица во Евертон, а сега е нивен член и во Лондон имаат за што да жалат…

    https://www.youtube.com/watch?v=yDXs2KHGOHE

    2. Петр Чех – голманот на Арсенал е еден од најквалитетните чувари на мрежата во Премиер лигата, но едноставно мораше да замине од Челси за да брани. Мурињо се одлучи прв голман да биде Куртоа, што го наведе Чех да ја промени средината и моментално блеска меѓу Топџиите.

     

    1. Кевин Де Брујн – веројатно навивачите на Сините најмногу жала за него. Универзалецот на Сити игра одлично, иако е склон на повреди. Него Мурињо го продаде на Волфсбург за 18 милиони фунти, а денеска е еден од најдобрите играчи на Премиер лигата и миленик на Пеп Гвардиола.