Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот англиски и европски првак Челси мора да ја засилува одбраната, па веќе со денови се споменуваат различни дефанзивци кои би можеле да пристигнат во Лондон, а најново име е Дајот Упамекано.
Упамекано ќе биде опција за тренерот на Челси, Томас Тухел, доколку неговата желба Матијас де Лихт од Јувентус се пресели во Баерн Минхен.
Де Лихт е блиску до преселба во Минхен, откако Баерн понудил 90 милиони евра за трансфер, па поради тоа ќе мора некој да замине од германскиот шампион.
Упамекано го засили Баерн минатото лето, кога пристигна од Лајпциг, но очигледно по една сезона ќе се раздели со гигантот.