Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најдобрите руски тенисерки Дарија Касаткина откри дека има девојка, односно не е заинтересирана за момци како што мислеа многумина претеходно.
На најновата листа на ВТА, Касаткина се наоѓа на 12. позиција и во моментов е најдобро рангирана од Русија, додека нејзината изјава предизвика бура во руската јавност.
„Малку сум нервозна поради камерата, но сè е во ред. Сметам дека на овој начин можам да кажам дека сум лезбејка, а тоа можеби ќе им помогне на некои други што се соочуваат со вакво нешто. Ова е забранета тема во Русија, но тоа не е изненадување“, кажа Касаткина.
Касаткина кажа дека не е лесно да се живее во тајност, но сега реши да ја отвори душата пред јавноста.
Daria Kasatkina speaks about the difficulties of being gay in Russia pic.twitter.com/guNLUStx17
— Ryan (@Some1NamedRyan) July 18, 2022