Потврдено: Брозовиќ пред трансфер со што ќе ги разбесни приврзаниците на Нероаѕурите


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Марсело Брозовиќ остана во Интер иако во текот на летото имаше конкретни понуди од Јувентус и Челси, а се споменуваше и Арсенал.

    Хрватот, меѓутоа,  е во втор план од доаѓањето на Франк де Бур, и се погласни шпекулациите за негово блиску заминување.

    Пред неколку дена се шпекулираше дека може дресот на Нероаѕурите да го замени тој со од Милан, а италијанските меидими тврдат дека тоа е вистина.

    Де Бур и понатака е незадоволен од неговиот однос на тренинзите, се откажа од преговорите околу продолжување на соработката и смета дека заминување на одличниот играч за врска е единствено решение.

    На другата страна од градот Росонерите со нетрпение го очекуваат развојот на ситуацијата, и се надеваат дека најдоцна до крајот на летото 2017 година ќе го имаат во своите редови.